ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен и безбеден, СДС и Филипче шират недоверба

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ. Од партијата на власт нагласуваат дека системот има механизми за целосна контрола на секоја ситуација која може да биде последица од случувањата со Алта банка во Србија. „Банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка. Филипче треба да знае дека државата има законски систем за осигурување на депозитите и ниеден граѓанин не може да биде оштетен“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата сметаат дека лидерот на СДС и поранешен министер за здравство Филипче нема интерес за фактите и дека неговите изјави се уште еден доказ за бескрупулозно нанесување штета на државните интереси. Според нив, преку Башановиќ се навредува Македонија, се предвидуваат и се посакуваат апокалиптични сценарија, затоа што, како што велат, не се сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа по насока на српскиот или бугарскиот свет на кои, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, им слугуваат. Од владејачката партија потсетуваат дека Филипче лажел за мигрантите и за унгарскиот кредит, при што, како што наведуваат, истата политичка кампања добила најсилен демант од Државниот завод за ревизија. „Очигледно, СДС продолжува да се надева дека политичката доверба ќе ја врати преку недоверба во сопствената држава. Партиската желба за криза нема да ја претворат во факт“, се вели во реакцијата. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека повторно станува збор за лоша вест за антимакедонската СДС и дека оваа држава има систем кој функционира, а фактите, како што велат, повторно ќе ги демантираат невистините. Според партијата, политички банкротираната СДС и Филипче мора да бидат разочарани, зашто институциите и законската рамка обезбедуваат заштита на граѓаните и стабилност на банкарскиот сектор.

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен и безбеден, СДС и Филипче шират недоверба | FinPortal.mk

Банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка, соопштија од ВМРО-ДП