ВМРО-ДПМНЕ: Актуелната влада нема врска со „АТС груп“, поврзаноста е со владата предводена од СДСМ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека приватната фирма „АТС груп“ од Скопје ја финансира американската лобистичка компанија „Mercury Public Affairs“ за промовирање теми што се претставуваат како стратешки државни приоритети на Македонија во САД. Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека актуелната влада нема никаква врска со приватниот договор склучен меѓу двете компании, туку дека поврзаноста со „АТС груп“ ја има владата предводена од СДСМ. Според реакцијата на владејачката партија, фирмата „АТС груп“ била отворена од страна на Зоран Заев, кој на отворањето на компанијата изјавил дека таа е резултат на членството на Македонија во НАТО. Од ВМРО-ДПМНЕ го цитираа тогашниот став на Заев дека „членството во НАТО отвора нови пазари и можности за зголемување на извозот и инвестициите“. Во реакцијата се наведува и дека на отворањето на фирмата присуствувала „пола влада“, меѓу кои и Радмила Шекеринска, која денес е заменик-генерален секретар на НАТО. Од владејачката партија дополнително го отворија прашањето за сопственикот на фирмата, Шефшет Демировски, и за поддршката што тој ја добивал од функционери на поранешната власт. Како примери ги посочија изјавите и поддршката од ексвицепремиерот Фатмир Битиќи, како и од тогашното Министерство за одбрана. Во реакцијата се споменуваат и изјави на експремиерот Димитар Ковачевски за придонесот на „АТС груп“ кон одбранбениот систем на НАТО. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат и дека сопственикот на фирмата во времето на владеењето на СДСМ добил дипломатски пасош како другар на Заев. „Дали Богданка Кузеска зборува за истата ‘АТС груп’ која ја отвори Зоран Заев и заедно со пола влада насмеан се сликаше, каде патем беше и Радмила Шекеринска, која сега е заменик-генерален секретар на НАТО? Или за истата ‘АТС груп’ за која истиот Заев на отворањето на компанијата викаше дека е резултат на членството на НАТО“, се вели во реакцијата на владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ не штедеа ниту на остра реторика кон опозициј

ВМРО-ДПМНЕ: Актуелната влада нема врска со „АТС груп“, поврзаноста е со владата предводена од СДСМ | FinPortal.mk

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција на обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека приватната фирма „АТС груп“ од Скопје ја финансира американската ло