Влен: Ахмети го „уплати тикетот“ за Груби — од најава за одговорност до гаранција за невиност
FinPortal.mk · 21.9.2026 г.
Политичката партија Влен остро реагираше на најновите изјави на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој според нив веќе однапред го „уплатил тикетот“ за исходот од судскиот процес против Артан Груби. Во соопштението што го објави партијата, се тврди дека Ахмети јавно го прогласува Груби за невин и уверува дека тој ќе биде прогласен за невин, иако судењето сè уште трае и доказите не се изнесени на маса. „Партијата што го посеа коцкањето во секое маало, сега се коцка и со правдата. Али Ахмети, изгледа, веќе го уплатил тикетот. Артан Груби, според него, е невин и ќе биде прогласен за невин. Судењето трае, доказите сè уште не се извадени на маса, но Али веќе го погодил резултатот“, велат од Влен. Од партијата потсетуваат дека до вчера Ахмети изјавувал дека Груби треба да одговара доколку ја злоупотребил неговата доверба, но дека сега веќе нема условно „ако“. Според Влен, Ахмети ја сменил плочата — од најава за одговорност стигнал до целосна невиност, па оттука произлегува прашањето што се променило во меѓувреме и зошто ставот се менува токму кога положбата на Груби станува потешка. Во соопштението се поставуваат и дополнителни прашања: дали Ахмети го брани Груби или се обидува да се заштити себеси. Од Влен оценуваат дека е уште полошо тоа што Ахмети ја гарантира невиноста на човек кого САД го ставија на црната листа токму поради вмешаност во судски процеси. „Малку премногу случајности. Судот не е политичко казино на ДУИ, а пресудите не се пишуваат во партиското седиште“, се наведува во соопштението на Влен. Реакцијата доаѓа во момент кога судскиот процес против Артан Груби е во тек, а јавноста сè уште ги чека доказите и аргументите што треба да бидат изнесени пред судот. Влен инсистираат дека ниту една политичка партија не смее однапред да го одредува исходот на судската постапка, особено кога станува збор за случај што предизвикува сериозно внимание и во земјата и во меѓународната заедница. Од партијата потенцираат дека довербата во правосудниот систем не се гради со партиски