Владата работи на попусти во маркетите за студентите преку средствата за субвенциониран оброк
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Студентите во Македонија би можеле да добијат дополнителни попусти во трговските синџири преку средствата што им се одобруваат за субвенциониран оброк, најави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, Владата веќе работи на ваква можност, која би значела проширување на привилегиите што студентите ги имаат од постојната финансиска поддршка. Премиерот ја соопшти оваа најава одговарајќи на прашања во врска со разговорите со претставници на студентите за мерката за субвенциониран студентски оброк. Тој објасни дека целта е одобрената месечна сума да не служи само за покривање на трошоците за оброк, туку истата таа сума, односно волуменот што ќе биде одобрен на месечно ниво, студентите да можат понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти и дополнителни привилегии. „Ние веќе работиме во Владата на тоа, во рамките на она за коешто зборував, да можат студентите да ги користат овие привилегии не само за студентски оброк, туку и онаа сума, оној волумен којшто ќе биде одобрен на месечно ниво да го продолжат и понатаму да го користат во ланците за дополнителни попусти, дополнителни привилегии“, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека целта е студентите да добијат повеќе поволности од постојната финансиска поддршка. Премиерот сепак не прецизираше во кои маркети би важеле поволностите, колкави би биле попустите и кога би започнала нивната примена. Овие детали остануваат отворени, а најавата доаѓа во момент кога темата за субвенционираниот студентски оброк е актуелна поради критики од невладиниот сектор. Најавата следува по критиките на претставникот на Форумот за образовни промени, Бленди Ходаи, кој минатата недела соопшти дека организацијата поднела тужба против Министерството за образование и наука. Форумот тврди дека Министерството во изминатите три години не го усогласувало износот на субвенционираниот студентски оброк со годишната инфлација, иако таква обврска е предвидена со закон. Премиерот Мицкоски, пак, рече дека бил непријатно изненаден од настапот на Ходаи, о