Владата подготвува нов ребаланс: приходите и расходите се намалуваат, кусокот до 130 милиони евра — 5.10.2026

FinPortal.mk · 5.10.2026 г.

Процедурата околу новиот ребаланс на Буџетот, втор за оваа година, ќе биде завршена до крајот на месецов, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Новата проекција на приходите и расходите во државната каса ќе биде пониска во однос на постојниот Буџет, односно кусокот ќе биде поголем, што се должи на помалите остварени приходи од акцизи и од данокот на додадена вредност, поради владините интервенции за смирување на цените на нафтените деривати. „Се намалуваат и расходите и приходите бидејќи кај приходната страна имаме помалку 7-8 милијарди денари, односно 118-130 милиони евра. Тоа е резултат на намалените акцизи, односно намалените приходи од акцизите и намалените приходи од намаленото ДДВ“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите за време на неговата посета во Теарце. „За да се избалансираат сите овие работи, ќе правиме ребаланс, очекувам во текот на овој месец да биде завршена процедурата“, додаде тој. Мицкоски не прецизираше каде најмногу ќе се кратат расходите, односно кои буџетски корисници ќе добијат помалку средства, но нагласи дека приоритет за Владата е стандардот на граѓаните, што укажува дека нема да се чепка во платите. Тој исто така рече дека остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин. „Од 25 до 50 центи сме поевтини од сите во регионот, така што тоа е наша цел“, рече премиерот, додавајќи дека очекува дека денеска ќе има повторно намалување на цената на безоловните горива и на дизелот. „Остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин“, рече Мицкоски, посочувајќи дека таквата владина политика има своја цена, која отприлика е 7 до 8 милијарди денари помали приходи. Новиот ребаланс на Буџот беше најавен минатата среда, на 30 септември, исто така од премиерот, но тогаш тој рече дека кусокот поради пониските акцизи и ДДВ до крајот на годинава ќе достигне 6-7 милијарди денари или околу 97-113 милиони евра. Сега летвичката е зголемена на 130 милиони евра. „

Владата подготвува нов ребаланс: приходите и расходите се намалуваат, кусокот до 130 милиони евра — 5.10.2026 | FinPortal.mk

Процедурата околу новиот ребаланс на Буџетот, втор за оваа година, ќе биде завршена до крајот на месецов, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Новата пр