Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот – приходите и расходите се намалуваат за 130 милиони евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Владата најавува нов ребаланс на Буџетот уште во текот на овој месец, откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека државата се соочува со значително намалување на приходите поради владината политика за задржување на ниските цени на горивата. Според изјавите на премиерот, „кусокот“ во буџетската каса поради пониските акцизи и данокот на додадена вредност достигнува меѓу 7 и 8 милијарди денари, што според актуелните проценки изнесува околу 130 милиони евра. Премиерот Мицкоски потсети дека остануваме држава со најниски цени на дизел горивото и безоловниот бензин, но призна дека таквата владина политика има своја цена. „Остануваме држава со најниски цени кога станува збор за дизел горивото и безоловниот бензин“, рече Мицкоски, посочувајќи дека таквата политика носи намалени приходи од околу 7 до 8 милијарди денари. Според него, станува збор за проценки на годишно ниво, односно до крајот на годинава. Новиот ребаланс на Буџетот беше најавен минатата среда, на 30 септември, исто така од премиерот. Тогаш тој изјави дека „кусокот“ поради пониските акцизи и ДДВ до крајот на годинава ќе достигне 6 до 7 милијарди денари или околу 97 до 113 милиони евра. Сега, според најновите проценки, „летвичката“ е зголемена на 130 милиони евра, што претставува значително зголемување на очекуваниот буџетски дефицит. „Станува збор за 6-7 милијарди. Тоа се нашите проценки. Ја разгледуваме можноста да се направи уште еден ребаланс, но она кое што претставува наш приоритет како Влада, е да го задржиме стандардот на граѓаните, да се контролира ниското ниво на инфлација, и нормално да ја задржиме најниската цена на горивата не само во регионот туку и во Европа“, изјави Мицкоски минатата среда, појаснувајќи дека станува збор за проценки на годишно ниво, односно до крајот на годинава. Ребалансот на Буџетот за 2026 година, донесен кон крајот на јули годинава, предвидуваше вкупни приходи ревидирани на 379,5 милијарди денари, што претставуваше зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџ