Владата подготвува единствен систем за плати во јавниот сектор со грчка експертска помош

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Македонската влада почна да го подготвува моделот за единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор, реформа што директно се однесува на начинот на кој се трошат јавните пари — односно парите што во најголем дел доаѓаат од даноците и придонесите што ги плаќаат граѓаните и компаниите. Зад бирократската формулација „единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор“ се крие процес што треба да овозможи полесно споредување на работните места меѓу различните институции и јасни правила за тоа колкава плата припаѓа за која работа. Како што е предвидено, моделот се подготвува со експертска помош од Грција преку европската програма TAIEX. Во Скопје од 14 до 18 септември се одржува експертска мисија во која учествуваат грчки експерти, претставници на грчкото Министерство за национална економија и финансии и на грчкиот Единствен орган на исплата. Целта е грчкиот модел да послужи како пример за создавање централизирана, усогласена и дигитализирана рамка за платите во македонскиот јавен сектор. Денес јавниот сектор не функционира како една голема компанија во која за сите работни места важат исти правила за утврдување на платата. Различни институции и категории вработени се опфатени со различни закони, колективни договори, коефициенти и правила. Токму затоа една од суштинските цели на реформата е да се создаде заедничка рамка во која ќе може полесно да се спореди што значи едно работно место во една институција со слично или исто работно место во друга институција. Реформската агенда на Северна Македонија предвидува токму усогласување на системите на плати и класификацијата на работните места, со цел платата повеќе да се поврзува со одговорностите и потребната стручност за одредено работно место. Тоа, на пример, би требало да значи дека ако двајца луѓе вршат работа со споредливи одговорности, услови и потребна стручност, системот има јасни правила според кои се утврдува нивната плата. Според изворот, зад формулацијата за единствен и усогласен систем стојат јавнит

Владата подготвува единствен систем за плати во јавниот сектор со грчка експертска помош | FinPortal.mk

Македонската влада почна да го подготвува моделот за единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор, реформа што директно се однесува на начинот на кој