Владата обезбеди јаглен за трите блока на РЕК Битола, се подготвува и рестартирање на ТЕЦ Неготино
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонија ќе има стабилна енергетска зима, откако Владата обезбеди јаглен за трите блока на РЕК Битола и ги презема последните подготовки за рестартирање на ТЕЦ Неготино. Според премиерот Христијан Мицкоски, енергетската стабилност на земјата ќе биде обезбедена преку ангажирање на полниот капацитет на сите три блока на ТЕЦ Битола, како и на ТЕЦ Осломеј, а во исто време се подготвува и повторно пуштање во работа на ТЕЦ Неготино. Премиерот посочи дека барањата на енергетските компании за зголемување на цените се високи, но Владата се обидува да спречи поскапување на струјата за домаќинствата, или пак евентуалното зголемување да биде под пет проценти. Според него, растот на цените на енергенсите и притисокот врз инфлацијата создаваат ризик од нова енергетска криза, која веќе се чувствува во Европа и не ја заобиколува ниту Македонија. За потребите на производството, ресурсите ќе се потпираат и на локалниот ископ на јаглен, како и на помал увоз од Грција. Покрај тоа, се очекува наскоро да почне транспортот на јаглен од Косово кон Битола, за што се адаптира посебен граничен премин. Енергетската состојба во Европа во последните денови е под силно влијание на таканаречениот „ноемвриски скок“ на цените, кој се смета за еден од најсилните краткорочни шокови на пазарот по енергетската криза во 2022 година. Овој феномен нагло ги крена цените на големо од почетокот на месецов. Една од главните причини за ваквата состојба е феноменот „Dunkelflaute“, односно темно затишје — специфична временска состојба во Европа кога со денови владее густа облачност и речиси никакво струење на ветерот. Производството на струја од огромните ветерни паркови во Германија, Велика Британија и земјите од Бенелукс буквално колабираше во првата недела од ноември. Просечната големопродажна цена во Германија во рок од само четири дена скокна од 13 евра на дури 345 евра за MWh поради падот на обновливите извори. Втората причина за ценовниот притисок е поврзана со вечерните пикови, кога побарувачката за еле