Владата ќе исплати по осум денари за килограм предаден ориз, парите дел од Интервентниот фонд и ребалансот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Владата планира директна поддршка од околу осум денари за секој килограм предадена оризова арпа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Поддршката се однесува на периодот од 1 септември 2025 година до 15 септември 2026 година, а средствата ќе бидат исплатени до крајот на оваа година. Според премиерот, дел од парите веќе се обезбедени во Интервентниот фонд на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а остатокот ќе биде обезбеден со ребалансот на буџетот. Станува збор за околу стотина милиони денари што ги обезбедува Владата, а исплатата ќе следи по завршувањето и усвојувањето на ребалансот во Собранието. Мицкоски ова го соопшти при посетата на општина Чешиново-Облешево, каде што ја искористи приликата да упати порака и до откупувачите на ориз. Тој побара од нив да се однесуваат фер кон оризопроизводителите, како што, како што рече, и Владата и граѓаните се однесуваат фер кон нив. „Ова е двонасочна улица, не би сакале да веруваме во шпекулативно однесување на поединци, затоа што тоа ќе биде ригорозно казнето“, рече премиерот Мицкоски. Инаку, жетвата на оризот во моментов е во тек во неколку општини во Источниот Регион, каде што земјоделците ги собираат годинешните површини со оризова арпа.

Владата ќе исплати по осум денари за килограм предаден ориз, парите дел од Интервентниот фонд и ребалансот | FinPortal.mk

Владата планира директна поддршка од околу осум денари за секој килограм предадена оризова арпа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Поддршката се одне