Владата формира Национален комитет за безбедност на новинарите, акциски план до 15 декември

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Владата најави формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, кој ќе ја координира соработката меѓу институциите и медиумската заедница и ќе подготви национален акциски план за заштита на новинарите најдоцна до 15 декември 2026 година. Најавата ја соопшти владината портпаролка Марија Митева, која порача дека безбедноста на новинарите не смее да биде тема само кога ќе се случи инцидент, туку постојана обврска на институциите. Според најавата на Митева, Националниот комитет ќе има задача да ја следи состојбата со безбедноста на новинарите и да го подготви акцискиот план, кој треба да биде усогласен со европските стандарди и меѓународните препораки. „Безбедноста на новинарите не смее да биде тема само доколку се случи некој инцидент. Напротив, безбедноста е наша обврска, обврска на институциите да дејствуваат навремено, да ги препознаваат ризиците и да обезбедат соодветна заштита“, истакна Митева. Акцискиот план ќе се темели на четири области: превенција, заштита, ефикасно гонење на сторителите, како и промоција и едукација. Во делот на превенцијата, фокусот ќе биде на медиумскиот плурализам, институционалната поддршка и дијалогот со медиумите. За заштитата се предвидува развивање механизми за итна реакција, полициска и правна поддршка, вклучително и заштита од закани во дигиталниот простор. Планот треба да опфати и поефикасно постапување во случаите на напади и закани кон новинарите, преку соработка со надлежните органи, навремени истраги и соодветно санкционирање согласно законските надлежности. Четвртата област ќе биде насочена кон обуки и подигнување на јавната свест за значењето на новинарската професија. Во работата на Комитетот се предвидува да учествуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Академијата за судии и јавни обвинители, како и претставници на новинарската заедница. Со формирањето на Комитетот

Владата формира Национален комитет за безбедност на новинарите, акциски план до 15 декември | FinPortal.mk

Владата најави формирање Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, кој ќе ја координира соработката меѓу институциите и медиумската заедница и ќ