FinPortal.mk

Видеолотарија Касинос Австрија со програма за превенција и поддршка при играње игри на среќа

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Видеолотарија Касинос Австрија со програма за превенција и поддршка при играње игри на среќа

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија преку иницијативата „Играј одговорно“ гради континуиран пристап кон превенцијата, едукацијата и психо-социјалната поддршка, со цел да ги намали ризиците од проблематично играње игри на среќа. Од компанијата порачуваат дека одговорното играње не започнува тогаш кога ќе се појави проблем, туку многу порано — со информираноста, разбирањето на ризиците, развивањето свесност и навременото препознавање на предупредувачките знаци.

Иницијативата „Играј одговорно“ се развива како долгорочна програма за советување, превенција и поддршка уште од 2019 година, а нејзиниот опфат не е насочен само кон поединците туку и кон нивните семејства. Преку мрежата на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, стручната помош станува подостапна за граѓаните во различни делови од земјата. Со отворањето на советувалиштето во Радовиш во април годинава, мрежата доби уште една точка за поддршка и дополнително го прошири својот опфат.

Целта на програмата е да се поттикне одговорно однесување, но и да се обезбеди пристап до стручна помош за лицата кои се соочуваат со предизвици поврзани со играњето игри на среќа. Овој пристап се темели на ставот дека одговорното приредување игри на среќа подразбира многу повеќе од почитување на законските обврски и меѓународните стандарди — тоа подразбира активна грижа, вложување во превентивни механизми, континуирана едукација и создавање услови за навремена стручна интервенција.

За Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, општествената одговорност е составен дел од работењето. Преку „Играј одговорно“, компанијата ја потврдува својата определба за градење култура на информираност и свесност, во која препознавањето на ризиците и навременото барање помош се важен дел од одговорното однесување. Со тоа, превенцијата, едукацијата и стручната поддршка се претставени како темели на долгорочната посветеност на компанијата за намалување на ризиците од проблематично играње игри на среќа.