28.10.2026 - Ветекс АД Велес - Други ценовно чувствителни информации
Ветекс АД Велес, производител на конец за плетење, во првите девет месеци од 2026 година оствари вкупен приход од 261.455.582,00 денари, што во однос на истиот период од претходната година претставува намалување од 6,71 отсто. Според образложението за резултатите од работењето, објавено како ценовно чувствителна информација, приходите се остварени од продажба на конец за плетење на домашниот и на странскиот пазар.
Од друштвото појаснуваат дека намалувањето на вкупниот приход е резултат на намалената побарувачка на нивните производи од странските деловни партнери. Освен редовните приходи, претпријатието остварува и останати приходи од штети од осигурување на основните средства и приходи од камати.
За остварување на вкупниот приход, направени се и расходи во работењето во износ од 251.641.409,00 денари, што во однос на истиот период од претходната година бележи намалување од 6,02 отсто. Намалувањето на расходите е резултат на намаленото производство во претпријатието. Расходите се однесуваат на:
потрошени суровини и материјали за производство,
трошоци за електрична енергија,
трошоци за плати и надоместоци на вработените.
Како резултат на ова работење, Ветекс АД Велес оствари нето добивка во износ од 8.451.635,00 денари за првите девет месеци од 2026 година.
Во овој период друштвото има кредитни задолжувања од банките на износ од 21.956.032,00 денари, а вратени кредити се 13.490.243,00 денари. Во истиот период на акционерите им е исплатена дивиденда во износ од 11.312.821,00 денари.
Од друштвото наведуваат и дека во првите девет месеци од 2026 година претпријатието работело без промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи, споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи од 2025 година.
За остатокот од тековната година, исполнувањето на планот за производство ќе се одвива според барањата на пазарот и техничките можности и капацитетот на претпријатието, се наведува во образложението потпишано од Ветекс АД.