Вештачката интелигенција во училниците: 195 наставници завршија обука, следен чекор е натпревар за бизнис идеи
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
По девет месеци интензивна работа, 195 наставници од 80 средни училишта од цела Македонија ја завршија бесплатната програма „AI at School“, организирана од Brainster Next College со поддршка на Министерството за образование и наука. Програмата беше реализирана со цел практична примена на вештачката интелигенција во наставата, а на свечениот настан во новиот технолошки кампус на Brainster Next College беа доделени признанија на 100 најуспешни наставници и 10 училишта. Во рамки на програмата беа организирани 153 курсеви за практична примена на вештачката интелигенција во наставата, со повеќе од 8.100 посети и 6.892 освоени сертификати. Обуката опфати наставници од 28 градови и сите осум плански региони, а 93 отсто од учесниците освоија најмалку еден сертификат. На свеченоста присуствуваа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, и основачот на Brainster групацијата, Петар Ниновски. Како што покажаа разговорите со наставниците, вистинската вредност на програмата не е во бројот на сертификати, туку во промените што новите знаења ги носат во училниците. „Буквално секој професор и професорка ни објаснуваше колку курсевите им помогнале да го подобрат начинот на предавање, да ги направат часовите поинтересни и да бидат поефикасни во административното работење, а најважното – да имаат повеќе време да им се посветат на учениците“, вели Петар Ниновски, основач на Brainster групацијата. Наставниците посочуваат дека вештачката интелигенција може значително да помогне во подготовката на материјали, персонализираното учење и интерактивната настава, но дека емпатијата, човечкиот контакт, мотивацијата и менторството се нешто што технологијата не може да го замени. Токму тука се отвора и најважното прашање: може ли вештачката интелигенција да им помогне на наставниците уште подобро да ја развиваат вистинската интелигенција, креативноста и потенцијалот на своите ученици? „На наставниците им е потребно знаење со кое ќе ја унапредат сопствената работа и ќе ги водат