Вештачката интелигенција го менува патот од диплома до прво вработување
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Студентите и неодамна дипломираните се соочуваат со сè потежок пазар на труд, на кој вештачката интелигенција станува вообичаена алатка во процесот на вработување. Работодавачите ја користат за проверка и разгледување на пријавите, а младите баратели на работа велат дека доаѓањето до интервју е потешко од кога било. Според податоците на Федералната резервна банка на Њујорк, дипломираните на возраст од 22 до 27 години имале стапка на невработеност од 5,7 отсто заклучно со јуни 2026 година — значително над националниот просек и за цел процентен поен повисока отколку пред две години за истата група. Стапката на невработеност кај сите млади работници изнесувала 7,2 отсто. Проблемот не е само невработеноста. Стапката на недоволна вработеност — дипломирани кои работат на позиции за кои не е потребна диплома — достигнала 42 отсто, наспроти 33,7 отсто кај сите дипломирани. Микела ДиЛоренцо, студентка на Универзитетот Сетон Хол и уредничка на студентскиот весник The Setonian, која пишувала за расположението на кампусот околу кариерите, изјавила за CNBC дека плановите по дипломирањето на многу нејзини колеги се смениле. Наместо веднаш да продолжат со постдипломски студии, некои земаат летни работи или друг ангажман за да заштедат пари додека ги разгледуваат следните чекори. „Вештачката интелигенција навистина ја менува мотивацијата на студентите кога влегуваат на пазарот на труд. Го менува процесот на вработување, како луѓето ги форматираат биографиите и, воопшто, како студентите пристапуваат кон животот по дипломирањето“, рекла ДиЛоренцо. Истражувањето на LinkedIn покажува дека 66 отсто од регрутерите на почетокот на 2026 година планирале да го зголемат користењето на вештачка интелигенција за прелиминарни интервјуа, додека 81 отсто од барателите на работа рекле дека ја користеле или планирале да ја користат во потрагата по работа. Студентите ги прилагодуваат биографиите кон конкретни огласи, истакнувајќи релевантни вештини и користејќи јазик што одговара на позицијата. Плат