FinPortal.mk

Велс Фарго“: Макроекономијата, а не намалената понуда, ќе го одреди движењето на биткоинот

Автор: Редакција на FinPortal.mk  · 
Велс Фарго“: Макроекономијата, а не намалената понуда, ќе го одреди движењето на биткоинот

Идните движења на цената на биткоинот во следниот циклус на „халвинг“ (преполовување на наградата за рударење) ќе зависат помалку од намалувањето на понудата, а повеќе од фактори како усвојувањето, побарувачката на инвеститорите, регулативата и поширокото макроекономско опкружување. Ова е оценката на Институтот за инвестиции на „Велс Фарго“, пренесена од Markets Insider.

Според анализата, неодамнешните преполовувања доведуваат до сè помали промени во понудата, бидејќи најголемиот дел од биткоинот е веќе ископан. Тоа го намалува нивното директно влијание врз растот на цената.

Од „Велс Фарго“ додаваат и дека пошироката и поразновидна сопственост, вклучително и институционалните инвеститори, може да доведе до поголема стабилност на пазарот, намалувајќи ги и екстремните порасти и екстремните падови.