Величковски: СЕПА донесе заштеди од 5 милиони евра и побрзи плаќања во евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Интеграцијата на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) веќе носи практични придобивки за граѓаните и за деловните субјекти, а истовремено нуди дополнителен потенцијал за зајакнување на економијата преку иновации, дигитална трансформација, поголема конкурентност и подобрена финансиска вклученост. Ова го истакнува вицегувернерот во Народната банка, Игор Величковски, во публикација за Европскиот совет за плаќања, по повод една година од интегрирањето на земјава во СЕПА. Претставувајќи ги резултатите од првата година од користењето на системот, Величковски наведува дека за граѓаните испраќањето 500 евра во земја на СЕПА е во просек шест пати поевтино отколку според моделот на кореспондентно банкарство, додека трошоците за добивање таков трансфер се намалени за половина. Испраќањето на 20.000 евра од бизнисите до договорна страна на СЕПА сега чини девет пати помалку според системот СЕПА, со видливи намалувања и на страната на примачот. За завршување на плаќањата во евра претходно беа потребни од еден до три работни дена, а трансакциите преку СЕПА сега се обработуваат во истиот работен ден или, најдоцна, до следниот работен ден, информира вицегувернерот. Плаќањата преку СЕПА бележат постојан пораст, што, како што потенцира тој, покажува дека пазарот е добро подготвен за обезбедување на овие услуги и оти корисниците сè повеќе ја препознаваат нивната практична вредност. Величковски укажува и на улогата на банкарскиот сектор со обезбедениот широк пристап до СЕПА-услугите за корисниците низ целата земја. Најновите податоци покажуваат дека СЕПА каналот веќе опфаќа речиси 70 отсто од трансакциите, според бројот на влезни и излезни текови, што резултира со значителни заштеди на банкарските провизии, проценети на околу 5 милиони евра во текот на првата година од учеството во СЕПА. Тоа се директни финансиски заштеди за домаќинствата и бизнисите, создавајќи дополнителни можности за инвестиции и локален раст, како и потенцијално зајакнување на конкурентноста, особ