Вардар загуби од Нант во драма со 33:32 — Малус промаши за бод во последните секунди

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако Нант славеше во Скопје со 33:32 во натпревар што во „Јане Сандански“ се претвори во вистинска драма со неизвесен финиш. Тоа беше првиот домашен натпревар на црвено-црните во елитното натпреварување по четиригодишна пауза, а натпреварот им понуди на присутните сè што нуди ракометот — пресврт, водство, пад, враќање и решавање во последните секунди. Вардар тргна одлично и поведе со 3:0, но Французите брзо се вратија во игра. Нант во првото полувреме стигна до четири гола предност, а домаќинот до паузата успеа да ја стопи негативата на 15:16. Во вториот дел следуваше вистински ракометен ролеркостер. Долго се играше гол за гол, а носен од бучната публика Вардар направи пресврт и стигна до 29:27. Сепак, Нант не се предаде. Гостите израмнија на 31:31, а драмата кулминираше во последните минути. Јака Малус можеше да биде херој, но на крајот стана трагичар во ракометната драма во „Јане Сандански“. Малус најпрво загуби топка и му отвори контра на Нант, но Васил Гогов го спаси Вардар со одбрана на ударот на Ноам Леополд. Шансата веднаш се пресели на другата страна. Малус излезе во чиста позиција, но овојпат голманот на Нант Кристофер Бонде ја доби пресметката. Во последните секунди Нант доби седмерец. Леополд погоди за 33:32, а Вардар доби уште една можност да се спаси. Повторно топката заврши кај Малус. Словенецот не успеа да го постигне голот што ќе му донесеше бод на Вардар, а Нант ја однесе победата од Скопје. Бонде беше еден од клучните луѓе на Французите во последните моменти. Драмата во „Јане Сандански“ не беше само на теренот. Во 15. минута во преполната сала одекна силен звук откако од трибините била фрлена петарда. Судиите накратко го прекинале натпреварот, а обезбедувањето се упатило кон делот од трибините од каде што се претпоставувало дека дошла пиротехниката. Официјалниот спикер во салата објавил дека поради инцидентот Вардар ќе мора да плати парична казна, по што натпреварот пр

Вардар загуби од Нант во драма со 33:32 — Малус промаши за бод во последните секунди | FinPortal.mk

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа вториот пораз во Лигата на шампионите, откако Нант славеше во Скопје со 33:32 во натпревар што во „Јане Сандански“ се пр