Вардар и Пелистер ги затвораат европските страници, Охрид и Алкалоид се подготвуваат за завршницата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Сезоната во македонскиот машки клупски ракомет влегува во „трета брзина“, а европските натпреварувања полека ги затвораат вратите за македонските претставници. Вардар веќе раскрсти со Лигата на шампионите, Пелистер следниот месец ќе се одјави од Европа, додека Охрид и Алкалоид се загреваат за она што следува во самата завршница на поранешниот Челинџ куп. Оваа слика ја нацрта спортскиот новинар Горан Ѓоргоноски во својата колумна, во која се осврнува на актуелните случувања на најбогатата ракометна клупска сцена на Балканот. Во средата во салата „Јане“ гостуваше бундес-претставник во Лигата на шампионите, натпревар кој според Ѓоргоноски требало да биде најава за најголемото македонско спортско дерби в недела. Според него, тој натпревар требало да биде магнет и шанса за подигање на атмосферата кај скопската публика, но за жал не било така. „Овој Вардар, во вакво натпреварување заслужува (пре)полна сала. Но, по којзнае кој пат, оваа наша публика покажа непочитување кон клубот кој ги достигнал највисоките ракометни врвови на Европа, клуб кој повторно е во самиот врв и клуб кој игра солидна сезона во најквалитетното европско ракометно натпреварување“, оценува тој. Иако резултатите не се како што некој сака да бидат и математички Вардар „собра“ само три бода, Ѓоргоноски смета дека од играта на повеќето натпревари сите мора да бидат задоволни. Тоа е, како што вели, уште една критика за сите кои се „чукаат во гради“ и се „крстат“ во дресот со црвено-црна боја. „Добро, не баш сите. Стара гарда Комити, како што кажав и минатиот пат, секогаш се тука, а одреден број на луѓе стои позади клубот и во добро и во лошо“, додава тој во колумната. Текстот го отвора и прашањето за новиот проект на авторот со Виктор од „Само Ракомет“, наречен B&D and Handball Talks, кој стартуваше минатата недела. Ѓоргоноски признава дека многумина го прашувале дали стартот на проектот ќе влијае на неговата прва љубов — пишувањето колумни и коментари. „Искрено, не знам дали интензитетот (кој и не беше Бо