Вардар го испушти водството од 2-3 и ремизираше со Башкими во Куманово

FinPortal.mk · 12.9.2026 г.

Македонскиот фудбалски шампион Вардар одигра спектакуларен натпревар против последнопласираниот тим во Првата македонска фудбалска лига, Башкими, но наместо со три бода од Куманово си замина со реми од 3-3. Натпреварот понуди целосен пресврт на гостите во вториот дел, но домашниот тим во самиот финиш успеа да се спаси и да освои голем бод. Башкими одлично го отвори натпреварот и уште во воведните минути двапати се закани преку Рибеиро, но голманот на Вардар, Давор Талески, беше на висина на задачата и ги одбрани ударите. Домашните сепак поведоа во 20. минута. По изведен корнер, Фати Исмаили беше највисок во скокот, го надмудри Најдовски и со удар со глава го совлада Талески за водство од 1-0. Башкими продолжи да притиска, а по уште две одлични интервенции на Талески, домаќините во 27. минута стигнаа и до втор гол. Антонио Силва Рашид искористи украдена топка, излезе сам пред Талески, го заобиколи голманот и погоди во празната мрежа за 2-0. Вардар потоа конечно се разбуди. Шампионот започна да ја презема иницијативата, а резултатот беше намален пред паузата. Давид Бабунски се најде на вистинското место по една одбиена топка во шеснаесетникот и погоди за 2-1, враќајќи ја надежта на својот тим пред вториот дел. Во вториот дел Вардар целосно го презеде натпреварот. Гостинот создаваше шанси и бараше начин да стигне до израмнување, а тогаш на сцена стапи Горан Закариќ. Босанскиот офанзивец направи вистински хаос во одбраната на Башкими и за само две минути постигна два гола. Во 70. минута Закариќ прецизно шутираше со левата нога откосо и донесе 2-2. Само две минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците. Овојпат влезе од спротивната страна и со одличен удар во подалечниот агол го комплетираше пресвртот за водство на Вардар од 2-3. Во тие моменти на трибините дојде до зголемена тензија и беа фрлани предмети кон теренот, но ситуацијата брзо се смири. Се чинеше дека Вардар ќе го однесе целиот плен, но Башкими не се предаде. Во последните минути нововлезениот Хеби

Вардар го испушти водството од 2-3 и ремизираше со Башкими во Куманово | FinPortal.mk

Македонскиот фудбалски шампион Вардар одигра спектакуларен натпревар против последнопласираниот тим во Првата македонска фудбалска лига, Башкими, но наместо со