Валверде со проектил од 25 метри донесе драматична победа за Реал Мадрид во Атина
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид повторно покажа зошто е најуспешниот клуб во историјата на Лигата на шампионите. Четата на Жозе Мурињо се најде пред сериозен тест на жешкото гостување кај АЕК Атина, каде на двапати имаше резултатска негатива, но на крајот успеа да го задржи максималниот учинок по четири кола со драматична победа од 3-2. Херој на вечерта беше Федерико Валверде, кој со страшен удар од далечина во судиското продолжување ги замолкна грчките навивачи. Грчкиот тим влезе во натпреварот без никаков страв од 15-кратниот европски првак и ја презеде иницијативата уште од првата минута. Наградата за нивниот притисок стигна во 12-тата минута кога Абубакари Коита испрати неодбранлив удар покрај Тибо Куртоа за ерупција на трибините. Поранешниот напаѓач на Реал, Лука Јовиќ, можеше да го удвои водството само пет минути подоцна, но белгискиот голман фантастично интервенираше. Од тој момент Реал Мадрид ги презеде работите во свои раце. По еден поништен гол поради офсајд, Џуд Белингем во 32-тата минута изведе вистинска магија. Англискиот репрезентативец со елегантен удар со петица го искористи центаршутот на Марк Кукуреља за израмнување. Со овој погодок, Белингем на 23 години и 128 дена стана најмладиот играч во историјата кој постигнал гол во седум последователни сезони во Лигата на шампионите, надминувајќи го својот соиграч Килијан Мбапе. Второто полувреме донесе голема офанзива на „Кралевите“, но Лазарос Рота и голманот Алберто Брињоли ги спасуваа домаќините. И кога сите очекуваа Реал да поведе, АЕК приреди нов шок. Ставрос Пилиос во 75-тата минута одлично го искористи додавањето од Коита и им донесе ново водство на Грците. Сепак, радоста на АЕК траеше само три минути. Килијан Мбапе навреме реагираше на втората статива по асистенцијата на Дензел Думфрис за 2-2, постигнувајќи гол на својот шести последователен меч во Лигата на шампионите. Реал не се задоволи со реми и тргна во тотална офанзива која вроди со плод во 92-тата минута. Федерико Валверде испрати ви