Валенсија го отпушти Корберан по катастрофалниот старт, Димитриевски останува на дното со нов тренер

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија донесе радикална одлука по катастрофалниот старт на новата сезона во Ла Лига — стратегот Карлос Корберан е разрешен од функцијата, со што македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски останува без тренер во моментот кога тимот се наоѓа на самото дно на прволигашката табела. Веста официјално ја потврди клубот преку соопштение, во кое се наведува дека заедно со Корберан клубот го напушта и извршниот директор за фудбал Рон Гурлеј. Последниот натпревар за 43-годишниот тренер на клупата на „Лилјаците" беше поразот од Севилја со 1-0 во петокот. Тоа беше четврти последователен пораз за тимот, кој во првите пет кола од новата сезона успеа да освои само еден единствен бод. Ситуацијата во Валенсија е далеку од идеална — тимот ја започна сезоната со реми против Селта Виго, по што следуваше црна серија од порази од Бетис, Депортиво Ла Коруња со 3-1, дебаклот на домашен терен од Барселона со 0-5 и последното разочарување кај Севилја. Незадоволството кај навивачите кулминираше по враќањето од Севилја, кога околу 200 навивачи ги пречекаа и ги навредуваа фудбалерите и стручниот штаб. Гневот кон сопственикот Питер Лим е огромен, а стравувањата на управата се големи, особено поради фактот што ова е последна сезона на Валенсија на историската „Местаља" пред преселбата на новиот стадион „Ноу Местаља". Испаѓање во Сегунда дивизија во ваков историски момент би било апсолутна катастрофа за клубот. На местото на Рон Гурлеј, како нов спортски директор се враќа Браулио Васкез, кој ја извршуваше оваа функција во периодот од 2010 до 2013 година, завршувајќи ја својата деветгодишна етапа во Осасуна. Клубот преку официјално соопштение ги потврди двете промени во раководната структура. За македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски, ова значи нов почеток и ново докажување. Наследникот на Корберан ќе биде дури 18-от перманентен тренер на Валенсија од 2012 година наваму. Останува да се види кој ќе ја преземе „жешката клупа" и каква ќе

Валенсија го отпушти Корберан по катастрофалниот старт, Димитриевски останува на дното со нов тренер | FinPortal.mk

Раководството на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија донесе радикална одлука по катастрофалниот старт на новата сезона во Ла Лига — стратегот Карлос Корберан е р