Валандовските мајстори открија како се прави ракија што не предизвикува главоболка

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

На годинешната Валандовска ракијада, меѓу учесниците можеа да се слушнат различни совети и детали за тоа како да се добие поквалитетна ракија, која е белег за ова поднебје. Старите мајстори за печење ракија во Валандово, кои сè уште ги има, знаат како да се направи добра и квалитетна ракија и како да се пие лесно, а да не предизвикува главоболка. Бранко Стојанов, пензиониран земјоделски инженер, во изјава за МИА вели дека ракијата зависи и од казанот во кој ќе се вари, а годинава високата шеќерност на грозјето ветува врвна ракија. Тој објаснува дека има разни видови казани, а конкретно овој казан што денеска го користи на ракијадата е на принцип на вода, кадешто нема премачкување со глина или со тесто, туку едноставно се става вода. Предноста на овој казан, според Стојанов, е тоа што ако се стават многу дрва и има силен оган, казанот веднаш покажува дека треба да се намали огнот за ракијата да тече нормално. Тоа значи дека нема зголемување или намалување на ракијата, а тоа е многу битно и во самиот процес на печење. Ракијата треба да тече средно, ниту многу силно, ниту многу бавно. Затоа се одлучиле за овој казан, а ракијата што излегува од него е многу квалитетна и нема никакви загуби. Стојанов посочува дека оваа година се погодило грозјето да е многу богато со шеќер и од еден казан од 130 литри излегува некаде околу 30 до 32 литри ракија. Тоа е 50 процентна квалитетна ракија, а поради блажината на грозјето таа има многу добар шмек. Кога ќе се напиеш од неа, вели тој низ смеа, личи како да пиеш малку сок, но дури потоа се чувствува како доаѓа алкохолот, па затоа не можеш со оваа ракија да застанеш само на една чашка. За домашна употреба од своите насади, заедно со синовите тој годишно вари по два казани ракија, односно околу 60 литри, и по еден казан мастика. Во годинашното издание на Валандовската ракијада, како и секоја година, меѓу учесниците се и вработените во Средното општинско училиште „Гоце Делчев“. Директорот на училиштето, Милан Гугицев, кој е наставник п

Валандовските мајстори открија како се прави ракија што не предизвикува главоболка | FinPortal.mk

На годинешната Валандовска ракијада, меѓу учесниците можеа да се слушнат различни совети и детали за тоа како да се добие поквалитетна ракија, која е белег за о