Вакцинацијата против сезонски грип започнува во втората половина на октомври, обезбедени 56.000 од планираните 80.000 дози
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Вакцинацијата против сезонски грип во Македонија ќе започне во втората половина на октомври, изјави министерот за здравство Сашо Клековски, кој информираше дека оваа година Светската здравствена организација ги промени сите три соја во препорачаниот состав на вакцината против сезонски грип за северната хемисфера. Според министерот Клековски, ваквата истовремена промена на сите три соја е невообичаена и предизвикала доцнење во производството кај производителите на глобално ниво. Поради тоа, во повеќе земји во Европа и во регионот почетокот на вакцинацијата се очекува дури во ноември, што ја прави состојбата со набавката на вакцини посложена од вообичаеното. Во нашата држава тендерот за набавка на вакцини вообичаено се објавува во периодот јуни–август, по објавувањето на соевите од Светската здравствена организација. Меѓутоа, на објавениот тендер оваа година не се пријави ниту еден понудувач, што го принуди Министерството за здравство веднаш да презеде мерки за обезбедување на вакцините по друг пат. Министерот Клековски потсети дека во последните три сезони вакцинацијата кај нас започнувала во периодот од 16 до 25 октомври и дека Министерството за здравство ќе биде подготвено вакцинацијата да започне и оваа сезона во истиот период. Од планираните 80.000 дози, 56.000 вакцини се веќе обезбедени или се во постапка на обезбедување, а активностите за обезбедување на преостанатите количини продолжуваат, посочи министерот. Бесплатната вакцина е наменета за приоритетните групи, меѓу кои лицата над 65 години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници. Граѓаните ќе бидат навремено информирани за почетокот на вакцинацијата и за начинот на закажување, соопшти Министерството за здравство. Промената на сите три соја во составот на вакцината за северната хемисфера е реткост во глобалните рамки и има директни последици врз временската рамка на производството. Производителите мораа да ги прилагодат своите производни линии на новите препораки на Светската здравствена о