Вајц: Во Австрија има корупција, но најбогатите завршуваат зад решетки

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Во Австрија постојат големи случаи на корупција, но она што ја разликува земјата од многу други е тоа што и најбогатите луѓе завршуваат в затвор, изјави европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц, на сесијата на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, којашто беше посветена на борбата против корупцијата. Вајц пред македонските собраниски претставници посочи дека сите земји-членки на Европската Унија се борат со корупцијата и дека ниту една членка не е совршена. Според него, Унијата се стреми да го зајакне владеењето на правото, но меѓу земјите-членки постојат разлики, вклучително и во нивото на корупција. Тој призна дека и во неговата Австрија има големи корупциски случаи, но нагласи дека клучната разлика е во тоа што многу богати луѓе лежат в затвор. Како илустрација, европратеникот го наведе огромниот скандал со недвижности во Австрија, во кој одговорен беше господин Бенко. Вајц потсети дека многу луѓе сметале оти тој е пребогат за да оди на суд, но довербата во системот можела да се измери на денот кога бил уапсен и ставен во притвор. Луѓето, како што рече, видоа дека и еден од најбогатите во Австрија ќе излезе пред суд и ќе биде приведен за тешко дело. Вајц апелираше дека борбата против корупцијата не се сведува само на исполнување на обврските кон Европската Унија или на критериумите за пристапување. Според него, станува збор за вложување во самото општество, во земјата, во функционирањето на институциите и во довербата во системот. Тој предупреди дека ако граѓаните не можат да се убедат дека правдата постои за сите, тоа на луѓето им дава причина да заминат. Една од најголемите пречки за економскиот и за општиот општествен развој, оцени Вајц, е кога младите си заминуваат. Како Австриец, рече дека би рекол „што убаво, елате кај нас во Австрија, нас ни требаат квалификувани и образовани луѓе“, но додаде дека знае каков ефект тоа го има врз општеството. Тој нагласи дека е тука како поддржувач на С

Вајц: Во Австрија има корупција, но најбогатите завршуваат зад решетки | FinPortal.mk

Во Австрија постојат големи случаи на корупција, но она што ја разликува земјата од многу други е тоа што и најбогатите луѓе завршуваат в затвор, изјави европра