Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија за модерно демократско општество, без оглед на членството во ЕУ

FinPortal.mk · 26.9.2026 г.

Австрискиот европратеник Томас Вајц денеска порача дека напредокот и е потребен на Македонија за да се движи понатаму и да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали сака да се приклучи во Европската Унија или не. Вајц ова го изјави на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и иднината на Европа: Граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и координација на избори на Европскиот парламент, во соработка со Собранието на Македонија. На форумот, како што пренесуваат организаторите, Вајц ги посочи проблемите за кои, според него, треба отворено да се разговара, меѓу кои животната средина, квалитетот на воздухот, дивите депонии, рециклирањето, пречистителните станици, рударството и шумарството. Тој ги потенцираше и владеењето на правото и демократските процеси, како и примената на законите која, како што нагласи, треба да биде еднаква за сите. „Единствено земја којашто се грижи за основните работи, чист воздух, вода, за добри услови на живот, исто така напредува и економски. Сето тоа има директно економско влијание. Тоа е исто така и владеење на правото, дали законот се применува за сите на ист начин или пак зависи колку сте богат и од каде доаѓате“, рече Вајц. Австрискиот европратеник предупреди дека доколку процесот на евроинтеграција не донесе и подобри услови за живот за граѓаните, тие ќе заминат каде што ќе имаат подобар живот. Според него, европската интеграција треба да биде надпартиска и долгорочна определба, со широка поддршка во општеството, а европската агенда, како што рече, да се претвори во граѓанска агенда. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој исто така се обрати на форумот, истакна дека европската интеграција не е само процес на усогласување закони, исполнување критериуми и отворање и затворање поглавја. „Таа, пред сè, е процес кој треба да овозможи темелна промена на системот, во функција на поквалитетен животен стандард за сите нас“, рече Гаши. Според Гаши, чл

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија за модерно демократско општество, без оглед на членството во ЕУ | FinPortal.mk

Австрискиот европратеник Томас Вајц денеска порача дека напредокот и е потребен на Македонија за да се движи понатаму и да се развие во модерно, демократско и д