Вајц: Македонија има природни убавини што треба да му ги покаже на светот, тоа носи и економски придобивки
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјата, Томас Вајц, изјави дека Македонија е полна со природни убавини и дека треба да се рекламира за да му ги покаже на светот, оценувајќи дека тоа носи и економска придобивка. Тој тоа го кажа на Втората сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија, на тема животна средина. Вајц, кој е член на зелените, порача дека ја брани животната средина за луѓето да имаат убава природа, да им ја покажат на децата и да ја предадат на следните поколенија, но истакна дека тука има и економски дел. Според него, треба да се види како Црна Гора и Албанија го развиваат природниот туризам, бидејќи, како што рече, Македонија ги има сите предуслови за тоа. Во своето обраќање Вајц предупреди и за последиците од глобалното затоплување, нагласувајќи дека ефектите нè погодуваат сите еднакво, а тоа особено се чувствува во земјоделството. Тој потсети дека годинава во ЕУ имало топлотен бран, голема суша и шумски пожари, но дека за многу земји ова било нешто ново, како што се шумските пожари во Белгија и на австриските Алпи. „Може да зборуваме за ограничување емисии на јаглероден диоксид, но веќе го надминавме оној 1,5 Целзиусов степен, што го потпишавме во Париз. Тој воз замина. Не го задоволивме тој праг и таа борба повеќе нема да ја добиеме. И треба да се бориме за секоја десетинка од степен незатоплување и треба да се приспособиме на новата реалност“, рече Вајц. Тој истакна дека во ЕУ речиси 35.000 луѓе починале поради влијанието на жештините. „Во минатото имавме само по еден ден над 40 степени, оваа година тоа беа шест дена. Ситуацијата ескалира и политичарите треба да се свесни, да сме свесни дека треба да ги подготвиме општествата, градовите, земјоделството, сообраќајот. И во Австрија, која е доста организирана во однос на железницата, возовите не возеа бидејќи инфраструктурата не беше подготвена за 42 степени. За жал, тоа е реалноста што ни се случува“, рече Вајц. Европратеникот апелираше на приспосо