Уставниот суд основа Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
По иницијатива на Уставниот суд на Македонија, а со поддршка од уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови, соопштија од Уставниот суд. Од Уставниот суд на Македонија објаснуваат дека поаѓале од определбата дека довербата во уставните судови е највредниот капитал што може да го поседува еден уставен суд. Врз основа на тоа, заклучиле дека изградбата на довербата во уставното судство претставува системско прашање кое бара ангажман како од самите уставни судови и судии, така и од политичките субјекти, медиумите, научната и стручната јавност. Според соопштението, издвоени се три принципи кои можат да придонесат за унапредување и зголемување на довербата, а тоа се независност, транспарентност и ефикасност. Од Уставниот суд нагласуваат дека овие три принципи можат да се остваруваат преку внатрешните напори на судовите, но истовремено во голема мера зависат и од постапувањето на надворешните чинители. Она што секој суд може да го направи заради јакнење на сопствената независност и намалување на политичките влијанија врз неговата работа, се додава во соопштението, е зајакнување на личниот интегритет на судиите, а преку него и на институционалниот интегритет на Судот во целина. Како една од мерките се наведува донесување Кодекс на однесување на судиите, кој ќе содржи универзални уставносудски стандарди, како и негово доследно почитување. Ограничувањето на надворешните влијанија, според Уставниот суд, се постигнува и преку висок степен на стручност и компетентност на секој судија поединечно, што подразбира постојано унапредување на знаењата и вештините. Во поглед на транспарентноста, од Уставниот суд оценуваат дека клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните е приближувањето на работата на Судот до јавноста, а особено