Уставниот суд ги отфрли иницијативите: правилата за државно финансираното политичко рекламирање остануваат на сила
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Уставниот суд на Република Македонија со пет гласа „за“ и три „против“ ги отфрли иницијативите со кои беа оспорени делови од Изборниот законик што се однесуваат на распределбата на јавните средства и медиумскиот простор за платено политичко рекламирање. Со ваквата одлука, донесена на седницата одржана на 23 септември 2026 година, правилата што беа предмет на спор остануваат во сила и продолжуваат да се применуваат. Станува збор за предметите У.бр.144/2025 и У.бр.145/2025, кои беа оформени по иницијативи поднесени од партиите Левица и Демократи. Двете политички субјекти ги оспоруваа одредбите за распределбата на средствата и рекламниот простор меѓу политичките партии, тврдејќи дека со ваквата законска рамка помалите партии се ставаат во понеповолна положба во однос на поголемите. Предметот веќе неколкупати се најде пред Уставниот суд. Во јули годинава судиите не обезбедија потребното мнозинство за одлучување, поради што постапката остана отворена, а денес повторно беше ставена на гласање. Според информациите, мнозинството судии при одлучувањето се повикале и на претходна одлука на Судот за истите законски решенија, оценувајќи дека Собранието има простор со закон да го уреди начинот на распределба на средствата за изборно рекламирање. Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, бил меѓу судиите со спротивен став и издвоено мислење во однос на денешната одлука. Тоа значи дека одлуката не била едногласна и дека дел од судскиот состав сметал дека оспорените одредби требало да бидат оценети поинаку. По објавувањето на одлуката, партијата Левица реагираше со оценка дека Судот со своето решение ја „аминува политичката цензура“ и ја остава во сила, според нивното гледиште, нееднаквата распределба на платеното политичко рекламирање. Партијата тврди дека фактичката состојба денес е различна од онаа во времето на претходното одлучување, бидејќи на локалните избори во 2025 година Левица, иако е парламентарна партија со пратеничка група, останала без пристап до дел од пл