Уставниот суд денеска одлучува по осум иницијативи, меѓу кои и за задолжителната медијација во спорови до еден милион денари

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Уставниот суд на Македонија денеска ја одржува својата 24. седница на која на дневен ред се најдени осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на поединечни законски одредби, како и еден предлог за одлучување по нацрт-одлука. Меѓу иницијативите што ќе ги разгледува Судот, најголемо внимание привлекува онаа со која се оспорува членот 461 од Законот за парничната постапка, односно законската одредба со која е предвидена задолжителна постапка на медијација како процесен услов за поведување и водење постапка во спорови кога странките се правни лица, а вредноста на спорот е до 1.000.000 денари. Подносител на оваа иницијатива е адвокатот Горан Николовски, кој смета дека воведувањето задолжителна медијација како процесен предуслов за пристап до суд претставува неоправдано ограничување на правната сигурност и предвидливост. Според него, ваквата законска конструкција создава дополнителна, со закон непропорционално поставена пречка за остварување на судската заштита, што според подносителот е во спротивност со уставните гаранции за пристап до правда. На дневен ред на седницата е и иницијативата на Славко Димитров за оценување на уставноста на членот 157 став 8 од Кривичниот законик. Подносителот тврди дека со оспорената одредба се нарушува личниот карактер на моралните авторски права гарантирани со членот 47 од Уставот, како и дека се ограничува правото на автономија и достоинство на авторот. Со оваа иницијатива се отвора прашањето за рамнотежата меѓу кривичноправната заштита и уставните гаранции за авторските права. Уставниот суд ќе разгледува и две иницијативи поврзани со одредби од Законот за заштита на децата. Подносителката Климентина Ангелеска ги оспорува деловите од законот што се однесуваат на правата поврзани со првото, второто и третото новородено дете, оценувајќи ги како дискриминаторски. Според нејзиното тврдење, ваквата законска поставеност создава нееднаков третман меѓу семејствата и не ги почитува уставните гаранции за еднаквост пред закон. Пред

Уставниот суд денеска одлучува по осум иницијативи, меѓу кои и за задолжителната медијација во спорови до еден милион денари | FinPortal.mk

Уставниот суд на Македонија денеска ја одржува својата 24. седница на која на дневен ред се најдени осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на