Уставниот суд денес повторно расправа за изборните одредби што ја исклучија Левица од платено политичко рекламирање

FinPortal.mk · 23.9.2026 г.

Уставниот суд на Македонија денес во 9:30 часот повторно ќе расправа и ќе одлучува по иницијативите на партијата Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик со кои оваа парламентарна партија беше исклучена од платеното политичко рекламирање. По јулската седница на која Судот не обезбеди мнозинство за одлука, предметот остана отворен, а од тогаш поминаа повеќе од два месеци, што според партијата е доволно време спорниот случај повторно да се разгледа и да се утврди дали навистина постои уставно оправдување за правило со кое една парламентарна партија е ставена во нерамноправна положба. Од Левица оценуваат дека денешната седница претставува уште еден тест на политичкиот плурализам во земјата. Како што велат од партијата, во меѓувреме се промени и составот на Судот, откако по оставката на Гоце Наумовски на негово место е избрана Мери Дика Георгиевска, предложена од Судскиот совет и поддржана од владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ. Така, за истото прашање денес повторно ќе гласа изменет состав на Уставниот суд. Според Левица, времето поминато од јулската седница требало да биде доволно спорната норма да се согледа од нејзината суштина, а не од политичката удобност што ја создава. Од партијата потсетуваат дека членови од Изборниот законик создадоа ситуација во која Левица како парламентарна партија не можеше да го користи платеното политичко рекламирање на телевизии, радија, интернет-портали и билборди, додека таквата можност им беше достапна на останатите политички субјекти. „Кога на еден политички субјект му се затвора медиумскиот простор што на другите им е отворен, прашањето неизбежно станува прашање на политички плурализам и еднаквост во изборниот натпревар“, велат од Левица. Од партијата нагласуваат дека на јулската седница дел од судиите го отвориле токму ова прашање — дали еднаквоста на политичките субјекти може да остане само декларативна ако законодавството создава различни услови за нивниот настап пред граѓаните. Наспроти тие аргументи, како

Уставниот суд денес повторно расправа за изборните одредби што ја исклучија Левица од платено политичко рекламирање | FinPortal.mk

Уставниот суд на Македонија денес во 9:30 часот повторно ќе расправа и ќе одлучува по иницијативите на партијата Левица за уставноста на одредбите од Изборниот