Универзитетот „Гоце Делчев“ вети целосна соработка со МВР и Обвинителството за случајот со електронскиот систем за оценки

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип најави целосна и неограничена соработка со Министерството за внатрешни работи и со надлежното обвинителство во истрагата што се води за сомнежите за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице. Од Ректоратот на универзитетот порачуваат дека институцијата има нулта толеранција за корупцијата и за злоупотребите во академската заедница и дека нема да дозволат случајот да ја наруши вредноста на дипломите на илјадниците студенти кои чесно го завршиле своето образование. „УГД овозможува целосна, неограничена соработка со МВР и надлежното обвинителство за брзо и целосно расчистување на случајот“, велат од Ректоратот во реакцијата по откривањето на сомнежите. Оттаму нагласуваат дека ваквите случаи и постапките за нивно откривање се важни за обезбедување подобри услови за студирање, повисок квалитет и поголема објективност во академскиот процес. „УГД има нулта толеранција за корупцијата и злоупотребата во академската заедница и сметаме дека ваквите и слични случаи се во насока да се обезбеди подобро, поквалитетно и пообјективно студирање“, порачуваат од Ректоратот. Универзитетот упатува порака и до студентите, до наставниот и административниот кадар, како и до пошироката јавност дека останува посветен на академските вредности, чесноста и вистинитоста. Во соопштението се посочува дека институцијата ќе продолжи активно да работи на спречување и сузбивање на сите појави што ги нарушуваат овие принципи. Од УГД истакнуваат дека студентите и нивното образование остануваат во центарот на универзитетските активности и дека истрагата нема да влијае врз редовното функционирање на институцијата. „Нашите студенти и нивното образование остануваат во центарот на сите наши активности. Наставниот процес, академските обврски, научноистражувачката работа и меѓународната соработка со низа реномирани европски универзитети продолжуваат да бидат наш приоритет“, се наведува во реакцијата на Ректоратот. Како јавна високообразовна инс

Универзитетот „Гоце Делчев“ вети целосна соработка со МВР и Обвинителството за случајот со електронскиот систем за оценки | FinPortal.mk

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип најави целосна и неограничена соработка со Министерството за внатрешни работи и со надлежното обвинителство во истрагата што