УНИЦЕФ формираше Бизнис советодавен одбор за поддршка на правата на децата во земјата

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Северна Македонија, со кој се обединуваат истакнати претставници од бизнис заедницата посветени на унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства. Како што соопштија од организацијата, станува збор за платформа формирана од УНИЦЕФ која го поврзува лидерството во приватниот сектор со мисијата на УНИЦЕФ за децата. Одборот го сочинуваат Неби Хоџа од Oxa Group, Ирена Јакимовска од Комфи Ангел, Горан Марковиќ од Македонски Телеком, Живко Мукаетов од Алкалоид, Иван Штериев од Македонска берза и Марјонка Велјановска од Фармахем. Сите членови учествуваат во лично својство, а нивната улога е преку својата стручност и влијание да го зајакнат ангажманот на бизнис секторот во поддршка на децата и да препознаат можности за подобрување на условите за децата и семејствата. Членовите на одборот доброволно ги вложуваат своето време и експертиза за унапредување на правата на децата, промовирање на одговорни деловни практики, подигнување на свеста за прашањата што ги засегаат децата и поддршка на партнерства што создаваат заедничка вредност за децата, заедниците и компаниите. Претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Лесли Милер, изрази благодарност до членовите на одборот за нивниот ангажман. „Секое дете заслужува еднаква можност да учи, да расте и да го достигне својот целосен потенцијал. За остварување на оваа визија е потребно лидерство од сите сегменти на општеството, вклучувајќи ја и бизнис заедницата. Исклучително сум благодарна на членовите на Бизнис советодавниот одбор на УНИЦЕФ што го вложуваат своето знаење, искуство и ентузијазам во оваа заедничка цел“, изјави Милер. Таа додаде дека она што најмногу ја инспирира не е само личната посветеност на членовите на правата на децата, туку и нивната подготвеност да ги поттикнат и мобилизираат и другите. „Првиот состанок го означува почетокот на важна соработка која има потенци

УНИЦЕФ формираше Бизнис советодавен одбор за поддршка на правата на децата во земјата | FinPortal.mk

УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Северна Македонија, со кој се обединуваат истакнати претставници од бизнис заедницат