29.10.2026 - УНИ Банка АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИБанка) заклучно со третиот квартал од 2026 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти, се наведува во образложението за остварените финансиски резултати за периодот јануари – септември 2026 година. Од Банката оценуваат дека очекувањата за светската економска активност се главно непроменети, но и натаму се претежно неповолни. Воениот конфликт на Блискиот Исток и натаму создава негативни ефекти врз светската економија, иако тие засега делумно се неутрализирани од посилната светска побарувачка, со поддршка од технолошкиот циклус и напредокот во областа на вештачката интелигенција. Главните активности и натаму се насочени кон намалувањето на трговските тензии и политичката неизвесност, справувањето со финансиските ризици, фискалната одржливост и спроведувањето реформи за зајакнување на продуктивноста. Расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност за вториот квартал од 2026 година, засега упатуваат на натамошен раст на економската активност. Градежната активност забележа силен годишен раст, индустриското производство повторно премина во позитивната зона, додека домашната трговска активност бележи умерено ослабување на реалниот пад. Економските услови и натаму се неизвесни, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а динамиката на остварување на големите инфраструктурни проекти и натаму е главниот домашен фактор за растот на краток и среден рок. Заклучно со третиот квартал од 2026 година, Банката нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување. Финансиски перформанси Остварени приходи: Приходите од работење заклучно со третиот квартал од 2026 година изнесуваат 1.741,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 2,6%. Придонес на каматните приходи: Најголем придонес во остварувањето