УЈП во Маврово ги советува туристичките работници: пријавете го доходот од издавање сместување, без разлика дали гостите се домашни или странски
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува со активностите за даночна информираност и поддршка на туристичкиот сектор преку кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Во рамки на кампањата, на 19 октомври 2026 година во Маврово се одржа информативно-работна средба со туристички работници, угостители, физички лица кои краткорочно издаваат сместувачки капацитети, вклучително и преку дигитални платформи, како и други лица кои вршат дејности поврзани со туризмот. Средбата, реализирана во соработка со Општина Маврово и Ростуше, беше посветена на презентација на даночните обврски и практични прашања поврзани со пријавувањето и оданочувањето на доходот од краткорочно издавање сместувачки капацитети, ангажирањето сезонски работници и исполнувањето на даночните обврски во туристичкиот сектор. На почетокот, стручните лица од УЈП ја истакнаа важноста од навремено информирање, директна комуникација и поддршка на даночните обврзници. Посочија дека навременото исполнување на даночните обврски придонесува за еднакви услови за сите, поголема доверба и фер и конкурентен туристички сектор. Претставниците на Општина Маврово и Ростуше ја истакнаа важноста од континуираната соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и туристичкиот сектор, како основа за унапредување на туристичката понуда и поттикнување на локалниот економски развој. Претставниците на УЈП ги информираа присутните за обврските за пријавување и оданочување на доходот од краткорочно издавање соби, апартмани, станови, куќи, вили и други видови сместувачки капацитети. Беше нагласено дека доходот од издавање треба да се пријави и соодветно да се оданочи, без оглед на времетраењето на изнајмувањето, начинот на плаќање и тоа дали гостите се домашни или странски. Обврските се однесуваат и на резервациите реализирани преку дигитални платформи како Booking, Airbnb, Kayak, TripAdvisor и други. На средбата беа презентирани практични примери за пријавување на доходот од закуп и подзакуп преку системот е-Даночни услуг