УЈП почнува сама да ги пресметува придонесите за паушалистите

FinPortal.mk · 22.9.2026 г.

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спровела активности за генерирање на месечните пресметки за придонесите од задолжително социјално осигурување. Како што соопштија од УЈП, ова се прави согласно последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со што значително се олеснува исполнувањето на обврските на паушалистите. Според новиот начин на работа, УЈП веќе ги изготвува пресметките на придонеси за паушалистите, исто како што ги изготвува и пресметките за данокот на личен доход. Тоа значи дека занаетчиите паушалисти од Управата ќе добиваат месечни налози за уплата по сите основи. Од УЈП оценуваат дека ова е заокружување на административните олеснувања за сите паушалисти како категорија на даночни обврзници кои немаат обврска да водат деловни книги и евиденции, односно сметководство, и да поднесуваат даночни биланси. За месеците јули и август 2026 година беа изгенерирани МПИН пресметки за околу 3.500 самовработени лица кои данокот го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход, при што беа изгенерирани вкупно околу 7.000 МПИН пресметки. Преку системот Е-даночни услуги истите се поставени на корисничките профили на даночните обврзници во овој систем. Обврзниците можат да ги подигнат преку својот кориснички профил, да ги добијат на пријавената електронска адреса оставена во УЈП или да ги подигнат лично од канцелариите на УЈП. Покрај тоа, УЈП во соработка со некои занаетчиски комори овозможи некои паушалисти да ги подигнат од своите комори налозите изготвени од УЈП. Од Управата прецизираат дека пресметките и налозите за јули беа изготвени со мало задоцнување од неколку дена, заради прилагодување на софтверското решение, додека пресметките за август беа изготвени и распределени во законскиот рок. Обврската за плаќање на придонесите и понатаму останува кај самовработеното лице. МПИН пресметките се генер

УЈП почнува сама да ги пресметува придонесите за паушалистите | FinPortal.mk

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во измина