УЈП почна практична настава за средношколци од „Васил Антевски – Дрен

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Управата за јавни приходи започна со реализација на активностите за учење преку работа, предвидени со Меморандумот за соработка што институцијата го потпиша со средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“. Со оваа соработка на учениците им се овозможува стекнување практични знаења и искуства во реална работна средина, а првите активности официјално почнаа на 4 ноември 2026 година. Во активностите се вклучени 13 ученици од образовниот профил „Дигитален маркетинг“, кои во периодот до 20 мај 2027 година ќе имаат можност непосредно да се запознаат со функционирањето на Управата за јавни приходи, нејзините надлежности, организациската поставеност и работните процеси. Станува збор за практична настава што ќе се одвива во текот на неколку месеци, со јасно предвидени фази и активности. По повод започнувањето на активностите, директорката на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова ги пречека учениците и им посака успешен почеток, нови знаења и корисни практични искуства. Таа пред учениците ја истакна важноста од поврзување на образованието со практиката и од одговорноста што ја носи секој иден професионалец во јавниот сектор. Почетните активности се насочени кон запознавање на учениците со институцијата, нејзината организациска поставеност и надлежности, професионалните стандарди, службената комуникација и работната дисциплина, како и со правилата за доверливост, даночна тајна и заштита на личните податоци. Овие првични содржини имаат за цел учениците да стекнат основен увид во начинот на функционирање на една од клучните државни институции задолжена за наплата на јавните приходи. Во текот на практичната настава, учениците постепено ќе се вклучуваат во активности во соодветните организациски единици на УЈП, каде што ќе имаат можност да се запознаат со конкретни работни процеси и да стекнуваат практични знаења и вештини соодветни на нивниот образовен профил „Дигитален маркетинг“. За нивната поддршка и насочување ќе бидат определени ментори – даночни службен

УЈП почна практична настава за средношколци од „Васил Антевски – Дрен | FinPortal.mk

Управата за јавни приходи започна со реализација на активностите за учење преку работа, предвидени со Меморандумот за соработка што институцијата го потпиша со