УЕФА го менува европскиот фудбал: нов систем на натпреварувања од 2028 година, еве како ќе изгледа патот на Македонија

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Европскиот репрезентативен фудбал каков што го познаваме заминува во историјата. По темелна анализа, УЕФА официјално одобри целосно нов, револуционерен концепт за машките национални натпреварувања кој ќе стапи на сила по ЕУРО 2028. Целта на претседателот Александер Чеферин е јасна, да се подобри конкурентниот баланс, да се елиминираат здодевните натпревари без резултатско значење и да се понуди подинамичен производ за навивачите, без притоа да се додаваат нови датуми во веќе преполниот меѓународен календар. За македонската фудбалска публика, направена е длабока анализа на официјалните слајдови на УЕФА за да се објасни новиот формат и, што е најважно, како тој драстично ќе влијае врз македонската фудбалска репрезентација. Според новиот концепт, Лигата на нации (УНЛ) се намалува од четири на три лиги, односно Лига А, Лига Б и Лига Ц, додека Европските квалификации (ЕQ) се делат во две нивоа, Лига 1 и Лига 2. Секоја репрезентација ќе игра точно по шест натпревари во групните фази, што е клучната структурна промена што ќе важи од 2028 година. Актуелниот формат со четири лиги (А, Б, Ц и Д) се укинува. Од сезоната 2028/29, УЕФА Лигата на нации ќе биде поделена на само три лиги – Лига А, Лига Б и Лига Ц. Секоја од нив ќе брои по 18 репрезентации. Она што е клучно е промената во групите. Наместо досегашните групи од по четири екипи, сега ќе се формираат три групи од по шест екипи во секоја лига. Но, репрезентациите нема да играат против секого по два пати, што би значело 10 натпревари. Секој тим ќе одигра точно шест натпревари. Како е тоа можно? Системот е хибриден: екипите ќе бидат влечени од три шешири. Секоја репрезентација ќе игра дома и на гости против екипата од својот шешир, што значи два меча, и по еден натпревар, само дома или само на гости, против останатите четири екипи од другите шешири. Така, тимот од шешир 1 ќе одигра два меча против шешир 1, два меча против шешир 2 и два меча против шешир 3. Истиот принцип важи и за тимовите од шешир 2 и шешир 3, кои исто так

УЕФА го менува европскиот фудбал: нов систем на натпреварувања од 2028 година, еве како ќе изгледа патот на Македонија | FinPortal.mk

Европскиот репрезентативен фудбал каков што го познаваме заминува во историјата. По темелна анализа, УЕФА официјално одобри целосно нов, револуционерен концепт