Училишните стручни служби во Тетово под лупа — можна кривична одговорност за психолози, педагози и директори по нападите врз деца
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Тетовските улици последниве недели не се безбедни за децата Македонци, кои се напаѓани од врсници на возраст до 14 години, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок, меѓу другото и на групите „Каурски пички“ и „Балисти“. Според Обвинителството и Центарот за социјални работи (ЦСР) Тетово, за овие зачестени меѓуетнички напади најголема одговорност носат училиштата, односно стручните служби во школите кои се законски обврзани да постапуваат, но не преземаат ништо за нападите што буквално им се случуваат на голем одмор и пред нос. „Не се одговара кривично само за погрешно постапување, туку и за непостапување на тие педагози, психолози, директори“, порачаа од Обвинителството и од ЦСР Тетово. Оттаму ги пофалија како соработливи не само родителите на насилниците, туку и самите деца-сторители на врсничко насилство. Со овие деца се занимава и им изрекува мерки тимот за правда на децата во Центарот за социјални работи Тетово, а од досегашните разговори со напаѓачите стручните лица извлекуваат заклучок дека за зачестените меѓуетнички напади највиновни се училиштата. СВР Тетово апелира до родителите веднаш да го пријават секој сомнителен или насилен настан директно во најблиската полициска станица или на бесплатниот број 192. Родителите на тепаните деца се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа, ако треба да излезат некаде, тие ги придружуваат своите деца. Според нивните сведоштва, бандите им се втуруваат пешки на децата, односно со трчање, или на електрични тротинети. Обично фаќаат едно дете, а другите ги оставаат да избегаат — тепаат, снимаат и бегаат. Тоа се случува претежно дење во период на настава, односно на голем одмор, но и попладне. Најчесто машки деца на 13-14-годишна возраст напаѓаат година-две помали соученици или деца од некое друго школо. Бидејќи напаѓачите се на возраст до 14 години, тие не подлежат на кривична одговорност, поради што фокусот на институциите се префрла кон оние што биле должни да