Тутунарите и откупувачите ги завршуваат подготовките: дел од компаниите почнуваат со вонреден откуп на 17 ноември
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Тутунарите и десетте откупувачи во земјава ги прават последните подготовки за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта, која се проценува на околу 26.000 тони квалитетен род. Според најавите, дел од компаниите своите пунктови за вонреден откуп ќе ги отворат на 17 ноември, додека редовниот откуп е предвиден да започне на 15 декември. Како што изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија, во овие денови се врши нострификација на мострите, без што не може да почне откупот. Тој појасни дека на 16 ноември компаниите ги подигнуваат заверените мостри од Институтот за тутун, а вонредниот откуп започнува ден подоцна, односно на 17 ноември, кога со преземање на родот може да почне секое претпријатие што сака. „На прагот сме на откупот на тутунот за годинашнава реколта. Од 16 ноември е вонредниот откуп на тутунот од годинашнава реколта, а редовниот откуп е од 15 декември. Во вонредниот откуп може да почне да презема тутун кое сака претпријатие“, изјави Ристески, пренесувајќи ги деталите од подготовките. Тој посочи и дека во средата имало средба со министерот за земјоделство и со откупувачите, но на неа откупувачите не кажале со колку точно ваги ќе го почнат откупот на тутунот, ниту колку компании ќе почнат со преземање на родот. „Има најава дека дел компании ќе почнат во вонредниот откуп на тутунот, од 17 ноември, но не знаеме во колкав број и на колку ваги. За откупот се регистрирани 10 откупни претпријатија и пријавени се 324 ваги“, рече Ристески. Од Сојузот на земеделски здруженија на Македонија очекуваат годинашнава реколта да донесе повисока просечна цена од ланската, која изнесувала 420 денари за килограм. Според Ристески, очекувањата се годинашната просечна цена да достигне до 440 или 450 денари за килограм, пред сè поради квалитетот на родот. „Цената сметам дека ќе биде повисока од ланската. Очекуваме годинашната просечна цена дека ќе биде повисока од ланската од 420 денари и да достигне до 440 или 450 денари за килог