Туфегџиќ: Шарената револуција прво ги елиминира студентите, додека во Србија токму тие се двигател на промените

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Адвокатот и поранешен судија во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ, остро ги критикуваше обидите политичките случувања во Србија да се споредуваат со состојбите во Македонија, оценувајќи дека станува збор за две сосема различни политички и геополитички приказни. Според него, меѓу српското студентско движење и некогашната „Шарена револуција“ во Македонија не постојат допирни точки, бидејќи таа револуција прво се пресметала со студентите и успешно ги елиминирала за да не сметаат. „Правењето паралела на настаните во Србија со Македонија е потполно нереално и неспоиво. Тоа се две потполно различни геополитички приказни по битност и структура и затоа секоја споредба е потполно погрешна“, напиша Туфегџиќ. Тој упати критики и до македонската опозиција, но и до учесниците во некогашната „Шарена револуција“, за кои смета дека не можат да се поистоветуваат со студентското движење во Србија. Според него, случувањата во Србија станале повод дел од политичарите во Македонија, кои денес се претставуваат како опозиција, да се обидат повторно да привлечат внимание. „Ова е добар повод луѓе кои денеска се прогласиле за опозиција да кажат нешто за да свртат некакво внимание дека сè уште постојат, вклучително и оние неколкумина кои со ништо предизвикани се пратеници на т.н. опозиција“, наведе тој. Туфегџиќ оцени дека изјавите на претставниците на политичките партии веќе не предизвикуваат интерес кај јавноста, бидејќи, како што напиша, од нив не може да се слушне ништо суштинско. Посебно се осврна на споредбите меѓу српското студентско движење и македонската „Шарена револуција“, тврдејќи дека меѓу нив не постојат допирни точки. „Нашата ‘Шарена’ револуција прво што направи, се пресмета со студентите и успешно ги елиминира за да не сметаат, а сè друго преземаа луѓе од никаде-никаде, без занимање и професија, кои преку ноќ станаа битни и фактори на одлучување“, напиша поранешниот судија. Тој изнесе и обвинувања за улогата на странски фактори во тогашните политички процеси, како и за кадровс

Туфегџиќ: Шарената револуција прво ги елиминира студентите, додека во Србија токму тие се двигател на промените | FinPortal.mk

Адвокатот и поранешен судија во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ, остро ги критикуваше обидите политичките случувања во Србија да се споредуваат со состојбите