Туфегџиќ: Нов притвор за Јованов нема да го забрза судењето за „Пулс“, предлага раздвојување на постапката
FinPortal.mk · 3.10.2026 г.
Поранешниот судија и адвокат Владимир Туфегџиќ оценува дека новиот 30-дневен притвор определен за Дејан Јованов нема да влијае врз брзината на судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ниту пак ќе придонесе за побрзо и праведно решение. Според него, судењето за кочанската трагедија ќе биде долг и болен процес, пред сè поради, како што вели, погрешната поставеност на теоријата на случајот во поднесеното обвинение. „Судењето за кочанската трагедија ќе биде долг и болен процес, пред сè поради погрешната поставеност на теоријата на случај со поднесеното обвинение. Новиот притвор на Дејан Јованов нема да ги смени работите ниту ќе влијае да се дојде до побрзо и праведно решение, а ќе останат бурните и оправдани реакции на семејствата на жртвите“, изјави Туфегџиќ. Според поранешниот судија и адвокат, дел од обвинетите во овој предмет, меѓу кои и поранешни министри, треба да побараат од Судот измена на редоследот по кој се изведуваат доказите на одбраната. Туфегџиќ оценува дека на тој начин нивните предложени докази би можеле да бидат изведени порано, по што доказната постапка во однос на нив би била завршена. „Во насока на расчистување на состојбата на работите, упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно ‘залутани’ лица во овој судски предмет да побараат од Судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната, за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив“, наведува Туфегџиќ. Тој смета дека ваквиот пристап не би бил невообичаен за сложена кривична постапка и дека во конкретниот предмет би можел да придонесе за поголема економичност и ефикасност на судењето. Според неговото објаснување, со исцрпување на доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети, Обвинителството би можело да го преиспита обвинението спрема нив, а Судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука. „Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исц