Тројца кандидати за шеф на ОЈО ГОК ги претставија приоритетите: проверка на истрагите, постапување по допрен глас и самостојност на обвинителите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кандидатите за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОК) ги изнесоа своите приоритети во дебата во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, каде што јавно ги образложија ставовите за работата на обвинителството и чекорите што би ги презеле доколку бидат избрани на функцијата. Според изнесеното, меѓу нивните главни определби се постапувањето по информации од јавен интерес, проверката на истрагите и почитувањето на професионалната самостојност на обвинителите. Кандидатката Искра Хаџи Василева порача дека обвинителството не треба да се потпира исклучиво на предметите што ги доставува Министерството за внатрешни работи, туку треба да постапува и по информации од јавноста што укажуваат на можни кривични дела. Одговарајќи на прашањето дали предност би им дала на предметите доставени од полицијата или на постапувањето по допрен глас, таа истакна дека двата начина на работа се важни, но нивната примена зависи и од расположливите ресурси и времето потребно за постапување. „Со Министерството за внатрешни работи добивате веќе одреден производ кој е во одредена фаза, каде што основаното сомневање како стандард е веќе исполнето. Се разбира дека ќе работиме и со МВР и по допрен глас“, изјави Хаџи Василева во дебатата. Таа нагласи дека обвинителите имаат обврска да реагираат кога постојат информации што бараат кривичноправно преиспитување, но истовремено предупреди дека не секој општествен проблем треба да се решава со кривична постапка. Според неа, во одредени случаи се потребни инспекциски контроли или системски решенија, а обвинителството треба да интервенира таму каде што постојат основи за тоа. „Допрениот глас е нешто што нè обврзува. Ние работиме за граѓаните и треба да работиме за јавниот интерес“, порача Хаџи Василева. Во дебатата заедно со Хаџи Василева учествуваа и кандидатите Фатон Азизи и Лидија Раичевиќ, кои исто така ги образложија своите ставови за работата на обвинителството и за чекорите што би ги презеле доколку добиј