Тринаесет наставници и воспитувачи добија признанија за посветеноста во образованието
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
По повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, Сојузот на просветни работници и Министерството за образование и наука денеска доделија признанија на тринаесет најдобри наставници и воспитувачи за учебната 2025-2026 година. Признанијата беа врачени на традиционален настан насловен „Учителот инспирира, ученикот создава – заедно го обликуваат светот на знаењето“, на кој беа истакнати поединците кои со својот труд, посветеност и професионалност се издвоија во процесот на образование и воспитание. Во категоријата предучилишно образование признание доби Клементина Петрушевска од детската градинка „Весели цветови“ во Кисела Вода. Во одделенска настава наградени се Соња Трифуновска од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, Виолета Поповска од ОУ „Вера Јоциќ“ во Гази Баба, Габриела Мерџаноска од ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар, Ксенија Николова од ОУ „Гоце Делчев“ во Босилово и Весна Тодоровска-Унковска од ОУ „Партенија Зографски“ во Кисела Вода. Во категоријата предметна настава признанија примија Томе Китановски од ОУ „Гоце Делчев“ во Василево, Бојанка Џипунова-Ташова од ОУ „Васил Главинов“ во Велес, Вера Зороска од ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, Оливера Шиклеска-Грозданова од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и Благица Чатлеска од ОУ „Гоце Делчев“ во Прилеп. Во категоријата средно образование признание доби Никола Делевски од РЦСОО „Никола Карев“ во Струмица, додека постхумно признание му беше доделено на Слаѓан Станковиќ – Битрак од СОУ „Наце Буѓони“ во Куманово и МИГ во Скопје. Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Жаклина Ристовска. Министерката Јаневска им порача на наградените да бидат горди и да продолжат да бидат двигатели на образованието. Таа нагласи дека наставникот останува најважниот столб во училиштето, најавувајќи ново покачување на платите за март, по веќе реализираното зголемување од 20 отсто во изминатите две и пол години. Осврнувајќи се на дефицитот од кадар по природни науки, Јаневс