29.10.2026 - Триглав осигурување АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Триглав осигурување АД Скопје, со седиште на Булеварот „3-та Македонска Бригада“ бр. 36 во Скопје, објави коментар на неревидираните финансиски извештаи за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година. Според документот, Друштвото заклучно со 30 септември 2026 година остварило нето добивка од работењето во износ од 141 милион МКД, што е за 3% повеќе од истиот период минатата година. Нето приходите од премија за периодот 01.01 – 30.09.2026 година изнесуваат 918 милиони МКД, што претставува зголемување во однос на истиот период од 2025 година за 3%, односно за 30 милиони МКД. Аналитички, причините за движењето се следниве: Пад на бруто полисираната премија за 75 милиони МКД, што делуваше негативно на нето приходите од премија. Промената на премијата предадена во реосигурување и соосигурување влијаеше позитивно за 33 милиони МКД. Промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со истиот период од 2025 година, влијаеше позитивно на нето приходите од премија за 72 милиони МКД. Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 47 милиони МКД и се за 14% пониски од истиот период од 2025 година. Причина за отстапувањето е помалиот обем на финансиски вложувања во однос на истиот период минатата година, како и намалени реализирани добивки од продажба на хартии од вредност. Во структурата, 91% се однесуваат на камати, 2% на реализирани добивки од продажба на финансиски имот, 4% на приходи од наемнини, додека остатокот се однесува на курсни разлики, вредносни усогласувања и останати приходи од вложувања. Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 90 милиони МКД и се за 11% повисоки од истиот период минатата година, поради различна структура на премијата која се предава во реосигурување, односно повисоки стапки на остварени провизии. Останатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи, изнесуваат 15 милиони МКД и се за 16% пониски во однос на истиот период од 2025 година поради пониските приходи од камати од регресни судски спорови, како и

29.10.2026 - Триглав осигурување АД Скопје - Други ценовно чувствителни информации | FinPortal.mk

Триглав осигурување АД Скопје, со седиште на Булеварот „3-та Македонска Бригада“ бр. 36 во Скопје, објави коментар на неревидираните финансиски извештаи за пери