Треновски: Скопје создава околу 45 проценти од БДП, регионите бараат повеќе ресурси и автономија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Околу 45 проценти од бруто-домашниот производ на Македонија се создава во Скопје, што го прави главен економски центар во земјата, но истовремено ја потхранува неравномерноста меѓу регионите. Ова го оцени универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, каде што истакна дека неравномерниот регионален развој е еден од најсериозните структурни проблеми со кои се соочува државата. Според Треновски, концентрацијата на економската активност во главниот град дополнително го поттикнува преселувањето на населението и празнењето на другите градови. Тој се повика на претходно објавени податоци за да ја илустрира разликата, нагласувајќи дека Скопје функционира како мегаполис во македонски контекст и дека рамномерниот регионален развој е пресуден за иднината на земјата. Професорот посочи дека меѓу регионите постојат значителни разлики во вработеноста, инфраструктурата, здравствените услуги и економските можности. Според него, целта не е сите региони да бидат идентични, туку граѓаните да имаат можност за нормален живот во местата каде што живеат. „Треба да ги направите регионите економски развиени за населението што живее во нив да сака да остане таму, да најде економска логика и да може нормално да живее“, порача Треновски. Тој се осврна и на потребата од поголема финансиска самостојност на општините, оценувајќи дека без соодветни ресурси секоја децентрализација останува само формална. „Ако им дадете автономија или надлежности без да им дадете ресурси, тоа е веќе загубена битка“, нагласи професорот, додавајќи дека мора да постои јасна врска меѓу надлежностите, ресурсите и отчетноста. Треновски посочи и резултати од истражување според кое капиталните инвестиции реализирани преку локалното ниво можат да бидат околу 40 проценти поефикасни од оние што се реализираат преку централната власт. Сепак, тој предупреди дека општините честопати немаат доволно финансиски средства и стручен кадар за успешно извршување на своите надлежности, што ја ограничува нивн