Тренчевска: Владата има пари за диџеи и за патување на 50 луѓе во САД, а нема за плати на граѓаните
FinPortal.mk · 23.9.2026 г.
Пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ во дебата за минималната плата, Буџетот и економските политики во емисијата Топ Тема остро ја критикуваше владата дека наместо да го поддржи животниот стандард на граѓаните, троши пари за диџеи и за патување на 50 луѓе во САД. Таа оцени дека е недопустливо во услови на инфлација и криза власта да нема слух за платите на работниците, додека истовремено наоѓа средства за такви трошоци. Според Тренчевска, СДСМ по трет пат предлага минимална плата од 600 евра, додека ВМРО-ДПМНЕ тој предлог го оценува како популистички и нереален. Пратеничката потсети дека нејзината партија во континуитет водела политики насочени кон подобрување на животниот стандард. Таа се осврна на историјата на минималната плата, наведувајќи дека кога СДСМ била на власт, минималната плата во текстилната индустрија и во трудоинтензивните дејности изнесувала 8.000 денари, а во останатите дејности околу 10.000 денари. Со политичка одлука, како што рече, тие биле изедначени на 12.000 денари. Тренчевска дополни дека во 2022 година, во услови на криза, повторно со политичка одлука минималната плата била зголемена од 15.300 на 18.000 денари. Таа нагласи дека политиките на СДСМ се конзистентни во однос на животниот стандард на граѓаните, и кога е минималната плата во прашање и кога се останатите плати. Пратеничката ја прекори владата дека од почетокот на војната во Иран до денес не успеала да донесе ниту една мерка за поддршка на животниот стандард на граѓаните. „Не очекувам ништо друго од една влада која освен за своите џебови не се грижи за ништо друго“, рече Тренчевска. Таа постави и прашање дали 26.000 денари се доволни за едно четиричлено семејство, или ако се двајца вработени, дали 52.000 денари се доволни за достоинствено поминување на месецот. Според неа, тоа се основните трошоци, а ако семејството нема решено станбено прашање, сумата се качува на 90.000 денари. Таа го критикуваше и оценувањето на предлогот за покачување на минималната плата од 26.000 на 36.000