Тренчевска: Рудник во Иловица – Штука нема да има, граѓаните ќе ѝ кажат „не“ на власта
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Потпретседателката на СДСМ и пратеничка Јована Тренчевска порача дека рудник во Иловица – Штука нема да има и предупреди дека власта ќе се соочи со отпор од граѓаните доколку продолжи со плановите за отворање рудници во струмичкиот регион. Оваа порака таа ја упати во гостување во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, каде што ја обвини власта дека повторно ги отвора прашањата за рударските проекти Иловица – Штука и Казандол, и покрај долгогодишното противење на локалното население и еколошките здруженија. „Рудник во Иловица – Штука нема да има! И тоа граѓаните наназад со години го зборуваат. Разберете вие од власта, не може да ми кажете дека треба да има рудници, ќе се соочите со народот којшто ќе ви каже не. И сега народот вели не, и тогаш ќе ви каже, не за рудниците во Иловица“, изјави Тренчевска во емисијата. Според неа, повторното отворање на дебатата предизвикува незадоволство кај жителите, кои стравуваат од можните последици врз животната средина, земјоделството и економската иднина на регионот. Таа потсети дека станува збор за прашање што веќе било затворено, а сега повторно се враќа на маса. „Доаѓам од Струмица, од регион каде што се планира отворање на еден рудник за којшто дебатата беше завршена и сега повторно се отвора дебата – Иловица – Штука. Здруженијата за заштита на животната средина разговараат со граѓаните, кај коишто расте револтот заради повторното ставање на маса и на Казандол и на Иловица – Штука“, посочи Тренчевска. Пратеничката ги оспори и економските аргументи за отворање рудници, тврдејќи дека земјоделското производство во струмичкиот регион има многу поголемо економско значење од очекуваните приходи од рударството. Според неа, приходите што ги носи раноградинарското производство во регионот значително ги надминуваат средствата што би се добиле од рударските проекти. „Знаете ли колку е профитот од раноградинарските производи во струмичкиот регион врз буџетот? 270 милиони евра плус во буџетот, и власта ми споредува 100 и нешто м