Тренчевска: Пензискиот фонд е пред колапс, дупката достигна милијарда евра
FinPortal.mk · 6.10.2026 г.
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на прес-конференција предупреди дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) е пред колапс и дека дупката во фондот расте поради, како што рече, арамиите. Според неа, власта на премиерот Христијан Мицкоски и неговата „криминална власт“ го довеле Пензискиот фонд во состојба на колапс, а дефицитот е зголемен на историско ниво од една милијарда евра, што претставува над 14 отсто од целиот државен буџет. Тренчевска истакна дека иако од 1 јули придонесот за ПИОМ е зголемен за еден процентен поен, преку пренасочување на средствата што претходно оделе во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте. Таа се повика на последните анализи на Фискалниот совет, според кои дупката во фондот ќе се зголеми на 1,3 милијарди евра во наредните години. Според неа, исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик. Пратеничката на СДСМ оцени дека наместо да се справи со проблемот, власта посегнува по џебот на граѓаните и по парите на компаниите, најавувајќи зголемување на придонесите за пензиско осигурување. Таа тоа го нарече „нов арамилук“ и предупреди дека работодавачите нема да можат да поднесат поголем трошок за вработување, што ќе значи помала нето плата за работниците. „На македонските работници кои се со најмали плати во Европа, уште ова им треба. Помали плати и неизвесни пензии е резултатот на криминалните политики на Мицкоски“, рече Тренчевска. Според неа, пензионерите се украдени од власта, бидејќи пензиите не им се зголемиле колку што требало, а сега се соочуваат со неизвесност. Таа предупреди и дека нема пари, па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Како што рече, најновиот изговор за да им се земат парите на граѓаните и на идните пензионери се измислени инвестиции. Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без важна потпора за идната пензија, што Тренчевска го оцени како класичен арамилук и неодговорно поигрување со животн