Тренчевска: Нови сметки за струја и парно од јануари, просечното домаќинство троши над 90.000 денари месечно
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети преку повисоки сметки за струја и парно се најавуваат од Нова година, изјави Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Според неа, МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, а се споменува и ново поскапување на парното, кое би било трето по ред годинава. Тренчевска наведе дека трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари. Таа додаде дека вкупната потрошувачка кошничка во октомври надминала 70.000 денари, а со киријата достигнала над 90.000 денари. „Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци. Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа“, рече Тренчевска. Според неа, од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно, минималната плата не мрда од 26 илјади денари, а 33 отсто од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата. „Граѓаните имаат крпен живот — одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат. До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови“, рече таа. Тренчевска обвини дека наместо да ги зголеми платите, премиерот Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. „Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000. Ова е смислена политика, ова е одлука. И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците. Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации“, рече Тренчевска. Според изнесените податоци, најголемиот товар од најавените промени во тарифите за пренос на струја и за парно ќе го почувствуваат домаќинствата со пониски приходи, во услови кога потрошувачката кошничка веќе го надминува нивото што може да го покријат тр