Трамп им забрани пристап на три медиуми во Белата куќа, новинарите на MS NOW останаа пред портите

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Новинарите на MS NOW не беа пуштени во кругот на Белата куќа рано во саботата, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека забранува пристап на три медиумски куќи поради нивното известување за него. Од MS NOW потврдија дека нивните новинари биле спречени да влезат на просторот на Белата куќа. „Белата куќа им припаѓа на американските граѓани, а одлуките што се носат внатре се финансираат од нашиот данок“, се наведува во соопштението на MS NOW. Медиумот порача дека е подготвен да преземе „сите неопходни чекори“ за да ги заштити правата загарантирани со Првиот амандман и суштинската улога на независното новинарство во демократијата. Оттаму додадоа дека ќе продолжат да известуваат за претседателот, администрацијата и за прашањата што влијаат врз американските граѓани. Во објавата тој наведе дека овие медиуми „не треба да можат постојано да пишуваат или известуваат фикции и лаги“ кога известуваат за претседателот на Соединетите Американски Држави, за неговата администрација или за државата, и додаде дека „следат и други лажни вести“. Подоцна истиот ден, во Овалната соба, Трамп изјави дека забраната ја воведува како одговор на „кумулативни стории“ на трите медиуми, велејќи: „Ти се смачува од тоа. Ова не е прв случај на ограничување на пристапот за новинари. Во 2018 година, Белата куќа на Трамп накратко се обиде да ја суспендира новинарската акредитација на репортер на CNN, а во моментов се води судски спор поради обидот да се забрани пристап на новинари на Associated Press до одредени простории. Трамп во петокот изјави дека вреди да се вложи напор за ограничување на медиумите, дури и ако тоа не помине на суд: „Мислам дека е добро тоа да се истакне, без разлика дали ќе опстане или не.

Трамп им забрани пристап на три медиуми во Белата куќа, новинарите на MS NOW останаа пред портите | FinPortal.mk

Новинарите на MS NOW не беа пуштени во кругот на Белата куќа рано во саботата, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека забранув